Сопругата на претседателот советува: Избегнувајте маски со вентил, носете трослојни платнени и медицински маски

51

Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот! Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот ФБ профил сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Носете медицински маски, посочува таа, ако имате: Ковид-19, се грижите за лица болни од Ковид-19, имате над 60 години, или хронично заболување.

-Да останеме безбедни и да се заштитиме од Ковид-19. Чувајте се!, потенцира Ѓоргиевска.