Сопругата на Жељко Јоксимовиќ му работела зад грб на својот кум и соработник Срѓан Предојевиќ

173

Деловната но и семејна разделба (бидејќи се венчални кумови) на познатите балкански ТВ-водители Јована Јоксимовиќ (сопруга на Жељко Јоксимовиќ) и Срѓан Предојевиќ и понатаму ги тревожи медиумите во регионот. Сега уште и пожестоко откако пукна срамната вистина, а според признанието на Срѓан, дека Јована во која тој имаше огромна доверба му работела зад грб. Таа се откажа од заедничката судска постапка против ТВ „Прва“ на која работела со Срѓан, тајно потпишувајќи договор за раскинување на работниот однос со што си обезбедила отпремнина од телевизијата и нова работа!

Срѓан бил многу разочаран и повреден од постапката на Јована, а уште повеќе од тоа што во целата оваа папазјанија Јована имала максимална поддршка од својот сопруг, популарниот Жељко Јоксимовиќ.
– Кога Јована и Срѓан заминаа од ТВ “Прва“ покренаа тужба против нивниот поранешен работодавец, а идејата беше тие заедно да ја продолжат својата водителска кариера како ТВ-тандем на телевизијата кај нејзиниот сопруг. Тие работат заедно повеќе од 15 години уште од времето на РТС/ТВ Белград/. Беа и куќни пријатели, одеа заедно на годишни одмори со семејствата и затоа на Срѓан му падна толку тешко предавството на Јована, велaт српските медиуми.

– За него беше премногу чудно што таа му понуди мала плата од 1.500 евра на телевизијата кај Жељко Јоксимовиќ, бидејќи и двајцата пред тоа заработуваа по 10.000 евра месечно на ТВ „Прва“. Тој љубезно ѝ се заблагодари за понудата и наскоро беше известен дека Јована Јоксимовиќ се откажала од тужбата. Длабоко разочаран од неа се чувствувал предадено. Тој се надевал дека двајцата ќе ги решат сите деловни спорови со поранешниот работодавач на суд. Наместо тоа, се случи Јована да склучи таен договор со новата телевизија за новата работа и да добие добри пари за тоа.  фото:ФБ,Инстаграм