Сопругата на Брус Вилис со емотивна порака за неговиот роденден – Ми се крши срцето…

2205
Фото: Screenshot Instagram

Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, објави ново видео по повод 68. роденден на актерот, во кое испрати емотивна порака до своите следбеници. Таа откри дека плачела штом се разбудила и дека гледањето на старите видеа од нејзиниот сопруг „и го крши срцето“.

„Значи, денес е роденден на мојот сопруг. Денот го започнав со плачење. Како што можете да видите, очите и носот ми се црвени. Мислам дека е важно да ги видите сите страни на ова. Добивам многу пораки за тоа колку сум силна. Немам избор. Посакувам да имам. Но морам да одгледам две деца во сето ова“, вели Ема Хеминг.

„Во животот само треба да ги прифатиме работите. Сепак, понекогаш сум тажна со денови. Исто се чувствувам и денес, на неговиот роденден. Почнав да снимам видео со неговите снимки и, не знам зошто, но тоа ми го крши срцето. Јас го правам тоа за вас, знам колку го сакате мојот сопруг. Ви благодарам“, се обрати сопругата на Брус Вилис до неговите обожаватели.

Ема Хеминг неодамна одговори на обвинувањата дека „ја користи дијагнозата за деменција на нејзиниот сопруг за да се прослави“. Таа сподели видео на Инстаграм каде зборува за тоа дека многу луѓе мислат дека се обидува да се промовира со објавите за здравјето на Брус. Покрај тоа, таа претходно апелираше до новинарите и фотографите да го остават Брус на мир, особено кога тој ќе реши да ја напушти куќата.

Семејството на Брус Вилис во март 2022 година објави дека на актерот му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека му била поставена нова дијагноза и дека тој боледува од деменција.