Сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица во прекин поради сообраќајка

36


Поради сообраќајна несреќа од 18.45 часот, во прекин е сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.