Сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се пренасочува преку селото Рабин

401

Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар – Кичево, соопшти АМСМ.

„Вечерва од 21.20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар – Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.

Истиот ќе се пренасочува преку с.Рабин“, се истакнува во соопштението од АМСМ.