Сон верен до 2027 година

53

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем сака во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со јужнокорејскиот интернационалец Хеунг мин Сон. Брзоногиот напаѓач има договор со „петлите“ до 2025 година и затоа раководните лица сакаат да му понудат нов договор кој ќе биде со важност до 2027 година и кој ќе му гарантира годишна плата за 30% поголема од таа која моментално ја заработува во Лондон.