Во болница во Осиек се наоѓа маж за кого постои сомнеж дека е заразен со коронавирус, потврди директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство, Крунослав Цапак.
– Вчера е тестиран неколку пати и наодот се уште не е заклучен, изјави Цапак.
Според хрватските медиуми, првиот наод од тестирањето на коронавирус бил позитивен, а вториот негативен, па сега се чекаат резултати од уште една, дополнителна анализа, со цел лекарите да бидат сигурни дали станува збор за коронавирус или не.
Пациентот, според неофицијаллни информации, се наоѓа пет дена в болница, а моментно е во изолација. Тој не бил во Кина, ниту е во контакт со некое лице од Кина.
Цапак нагласи дека болницата во Осиек е подготвена за вирусот.