Солена штрудла со колбаси и кашкавал

62

Се подготвува брзо, а е вистинско решение за остатоците во вашиот фрижидер. Совршена вечера со која ќе ги изненадите домашните.

Потребно е:

  • 15 гр. квасец
  • 100 мл. топла вода
  • 50 мл. топло млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 гр. меко брашно тип 400
  • 100 гр. путер

За полнење:

  • 6-8 колбаси, зависи од должината
  • 3 лажици сенф 150 бр. кашкавал
  • 4-6 кисели краставички зависи од големината
  • 2 парчиња црвени пиперки печени и излупени

Приготвување:

Во сад ставете квасец, вода, млеко, шеќер, масло. Изматете го јајцето, одделете две лажици, а остатокот сипете го во садот. Мешајте ги сите состојки во садот додека не се стопи квасецот. Кога квасецот ќе се стопи, додадете половина брашно и сол, замесете тесто и постепено додавајте го остатокот од брашното.

Кога убаво ќе го замесите тестото, покријте го со проѕирна фолија или оставете го да стаса околу 30-40 минути. Кога тестото се зголеми, измешајте го, префрлете го на набрашнета работна површина, превртете го со сукалка и изрендајте околу 80 гр. марагарина. Преклопете го тестото 2 пати. Изрендајте го и остатокот од путерот. Преклопете го тестото 2 пати повторно. Оставете го да стаса околу 15 минути.

Пржете ги колбасите во малку масло.

Тестото развлечете го со сукало како на сликата. Наредете ги колбасите, премачкајте ги со сенф, па изрендајте сирење, ставете исечени кисели краставички и печени пиперки.

 Ставете ја штрудлата во плех обложен со хартија за печење. Оставете го да дојде околу 15 минути. Пред печење, премачкајте со смесата, маслиновото масло, млекото и изматеното јајце што ги одделивме на почетокот. Посипете сусам, лен, ким …

Печете околу 20 минути во загреана рерна на 260 степени.