Сок од лимон за подобра работа на цревата

132

Лимонот е вистинска ризница на антибактериски состојки. Додека неговите лековити состојки ги уништуваат лошите бактерии, во исто време тие овозможуваат размножување на добрите бактерии, што доведува до подобрување на функцијата на дебелото црево и ослободување од непријатните симптоми на опстипацијата.

Сипете сок од еден лимон во чаша топла вода за да ја стимулирате работата на цревата, односно перисталтиката.

Лимонот исто така ќе влијае на зголемено лачење на плунка и производство на желудочна киселина, кои го поттикнуваат процесот на варење.