Советот на Кавадарци ја поддржа иницијативата за спас на Тиквешко Езеро

51

Советот на општина Кавадарци на денешната седница ја поддржа иницијативата за спас на Тиквешко Езеро, поднесена од неколку засегнати страни.

Советот донесе заклучок локалната самоуправа да застане зад оваа иницијатива, да се соберат сите засегнати страни на локално ниво, да формираат комисија и да изработат материјали за проблемот, па да бараат состанок и мерки за решавање на проблемот, од надлежните државни субјекти.

Роберто Паризов, претседател на регионалното  здружение „Еко-живот” нагласи дека езерото е многу значајно за развој на алтернативниот туризам.

– Предлагаме да нема празнење на езерото за производство на електрична енергија во тек на пролетните и летните месеци, за да се створи доволна количина на вода за снабдување на хидросистемот, за полевање на земјоделските површини на територија на општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Истовремено да се обезбеди поголема количина за подобра микроклима во летните месеци, како и доволна количина на вода за аквакултура, рибниците со крап, коишто се на Тиквешко Езеро и не се во мал број, како и за околниот разновиден биодиверзитет, појасни за МИА,  Паризов.