Совети за патување со домашно милениче во авион

67
Патувањето со авион е стресно за сопствениците на домашни миленичиња, но е уште постресно за самите миленичиња, па се додека имате друг избор, најдобро е да го чувате дома или да му дадете на некого да го чува додека не сте таму. Но, ако поради некоја причина сте приморани да земете со себе во авион домашното милениче, тогаш треба да се подготвите на време, а тоа понекогаш значи и неколку месеци однапред.

Постапката за патување во авион со домашните миленици зависи од деловната политика на авиокомпанијата, па правилата се различни за различни авиокомпании.

Документи за миленичето

Кога купувате авионски билети, потребно е веднаш да нагласите дека сакате да патувате со вашето домашно милениче. Ограничен е бројот на животни кои смеат да се качат во авион и авиокомпаниите по ова прашање се исклучително строги. Затоа е клучно навремено да го најавите миленичето во авионот. Тогаш тие ќе ве прашаат за повеќе детали поврзани со миленичето, каква раса е, неговата големина, колку години има, каков е неговиот карактер и здравствена состојба.

За да ја поминете контролата на аеродромот, потребно е да ја имате следната документација за вашето домашно милениче:

  • Пасош
  • Ветеринарно уверение за здравјето на вашето домашно милениче, ова вклучува потврда дека животното е вакцинирано, исчистено од паразити;
  • Дозволи за влез во земјата – пред патувањето, проучете ги правилата на земјата во која одите, бидејќи во некои земји е правило да ги чувате животните во карантин со месеци;
  • Фотографија од вашето домашно милениче покрај онаа во пасошот, во случај миленичето да се изгуби.

Каде се сместени милениците за време на летот?

За време на летот, миленичињата мора да бидат во легло, а некои авиокомпании им дозволуваат на сопствениците на помали животни да го внесуваат легло во кабината. Поголемите се во делот на авионот за багаж и стока. Некои авиокомпании не дозволуваат сместување на домашни миленици во кабината, а некои не дозволуваат да остане во багажникот, затоа прашајте навремено кои се вашите опции.

Опуштете го вашиот миленик пред патувањето

Потребно е да го опуштите вашето милениче за да може да се справи со патувањето. Нахранете го со цврста храна пред да тргнете. А по слетувањето, дајте му го омиленото уживање, како награда за доброто однесување.

Неколку месеци пред патувањето навикнувајте го на носилката/транспортерот, играјте со него додека е внатре, оставете го да спие во него. Сето ова ќе му помогне подобро да ги издржи долгите часови во него. Нема да му биде туѓ и страшен бидејќи ќе има пријатни асоцијации за него.

Изморете го добро миленикот така што ќе си играте со него или ќе го пуштите да се истрча за да ја потроши својата енергија. Така тој ќе биде многу помирен и помалку стресен за време на патувањето. Најсреќни сте ако миленичето го преспие целиот пат.

Кога можете, избирајте директни летови, бидејќи за него ќе биде многу постресно ако оди од авион во авион и побрзо ќе го изгуби трпението.

И не заборавајте, миленичињата можат да почувствуваат како се чувствува нивниот сопственик; ако вие сте под стрес за време на летот, тие тоа ќе го почувствуваат и тоа ќе влијае на нивното расположение. Затоа, запрашајте се добро што ви треба од документацијата, земете сè на време, за да можете да ги поминете сите контроли и целиот лет без никакви проблеми.

Повеќе на: Canna Pet