Собранието ќе работи во екот на претседателските избори- ќе се гласаат закони кои не поминаа кај Иванов

23

Собранието ќе работи и во екот на претседателските избори за да ги донесе повторно десетината реформски закони кои ги бара ЕУ а чии укази не ги потпиша шефот на државата Ѓорѓе Иванов, дознава Гласот на Америка.

Веќе е договорено Собранието да заседава и во текот на април, додека трае кампањата за изборите за да се усвојат неколкуте клучни закони. Законодавниот дом не е должен да прекине со работата како во случајот со парламентарните избори, но нема ниту да направи пауза.

Според Гласот на Америка, тие ќе бидат објавени само со потпис од собранискиот спикер Талат Џафери, како во случајот со законот за јазици и Преспанскиот договор. Неколку закони. За да бидат усвоени, мора повторно да бидат изгласани од пратениците.