Собранието денеска ги усвои измените на Законот за работни односи со кои во пензија ќе се оди на 64 години и со 15 години стаж.

Досега, граѓаните имаа можност да продолжат да работат до 67 години, но со овие законски измени, таа опција ќе ја имаат само вработени во здравството и во високото образование, под строго дефинирани критериуми и постапка.

Останува законската можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Предлагачот, министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, вели дека на овој начин се отвора можност за вработување на младите, но и за намалување на бројноста во администрацијата.

Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.