Снимка од дрон го открива обемот на страшната несреќа во Црна Гора: Автобусот е на дното на провалијата/ВИДЕО

    108
    Фото: screenshot youtube Dnevne novine Dan

    Црногорскиот портал Дан објави видео од дрон од местото на тешката несреќа што се случи денеска кај Обзовица и во која загинаа најмалку две лица, а неколкумина се повредени.

    На видеото што го објави Ден, автобусот се гледа речиси на дното на провалијата.

    Според досега познатите информации, во автобусот во моментот на несреќата имало меѓу 30 и 35 патници, а првите информации од Управата на полицијата велат дека загинале три лица, но лекарите засега ја констатирале смртта на двајца патници.

    Како што дознава ТВ Вијести, 17 лица се полесно повредени и префрлени во болницата во Цетиње, додека засега едно тешко повредено лице е пренесено во Клиничкиот центар во Подгорица.

    Во автобусот немало деца.

    Во моментов го чекаат елеватор кој треба да го извлече автобусот од провалија, за да утврдат дали има повеќе патници под возилото.

    Се пребарува и на теренот, за да се утврди дека никој не паднал од автобусот и дека се уште некому не му е укажана помош.

    Автобусот кој слетал во провалијата бил на компанијата „Паповиќ“ и превезувал патници на релација Никшиќ – Будва. Растенијата и густите грмушки го запреле автобусот на околу 30 метри под автопатот.

    Возачот на автобусот кој падна во провалија на искачувањето кон Обзовице при што загинаа најмалку двајца патници е приведен во полиција.

    Тој се пожалил на лекарскиот тим, кој прв се спуштил на местото на несреќата, дека почувствувал силна болка во задниот дел на главата и дека потоа автобусот удрил во насипот на пат кон Обзовица во десната кривина, ја скршил и потоа возилото слетало во провалија.