Снимен моментот на големата трагедија: Како автобусот полн со туристи падна од надвозник кај Венеција/ВИДЕО

1920
EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Безбедносните камери го снимиле моментот кога автобус полн со туристи паднал од надвозник од висина од 10 метри во близина на Венеција, по што се запалил.

На видеото се гледа како белиот автобус доаѓа на рампата на надвозникот и потоа ненадејно паѓа од него.

Во страшната несреќа загинаа 21 лице, меѓу кои бебе и две деца, а 15 се повредени.

Префектот на Венеција, Микеле Дибари изјави дека меѓу загинатите има државјани на шест земји: четворица од Украина, двајца од Шпанија, двајца од Австрија и по еден од Хрватска, Германија и Франција, пренесува Телеграф.

Туристичко патување во Венеција се претвори во трагедија: Автобус падна од надвозник, повеќе од 20 загинати/ВИДЕО