Снимен е рис во природна средина!

129

Фотографија од рис во неговото природно живеалиште, во Националниот парк Маврово, е направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис, кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД).

Балканскиот рис сè уште е критично загрозен вид. Станува збор за околу 50 возрасни единки во целиот Југозападен Балкан. Во Македонија има најмногу, можеби 30-40 возрасни единки, додека ситуацијата во Албанија и на Косово е навистина критична.

Најмногу рисови има во националниот парк Маврово и во негова непосредна близина. Присутни се и во Јасен, Пелистер, Јабланица, Сува Гора, Челоица, Стогово, Караорман, во јужните делови на Шара, Илинска и Плакенска Планина, бидејќи овие ретки животни претпочитаат планински терени со шумска вегетација.