Снег, сонце и прекрасен ден ги израдува скијачите на Попова Шапка/Фото галерија

101

Идилично утро и убав ден на Попова Шапка. Во најголемиот скијачки центар во државава Попова Шапка од изутрина река од скијачи чекаат пред ски-лифтовите и жичарницата „Церипашина“.

Стазите се во одлична состојба, а снег има доволно. Викендов скијачите можат да уживаат во убавините што ги пружа овој скијачки центар.

Синоќа на Попова Шапка се скијаше и во доцните ноќни часови, односно за првпат годинава беше пуштено познатото „ноќно скијање“ од 19 до 22 часот.