Популарната пејачка Александра Пријовиќ стана мајка на 6 март минатата година и роди син, Александар. Пејачката одбиваше јавно да го експонира својот наследник сè досега, кога реши да направи исклучок. Таа објави фотографија  на која ужива на јахта со  синот во Монакo. „Моето сè на светот“ – напиша Александра во описот на истата.

Фото: Инстаграм

Сандра Миjаковиќ, девојка на Виктор Живојиновиќ, беше меѓу првите кои ѝ коментираа, оставајќи неколку срца и емотикони кои симболизираат емотивната реакција.  Исто така, објавата разнежни и  многу познати личности, меѓу кои:  Марина Тадиќ, Слаѓа Алегро, блогерката Зорана, како и менаџерот на Александра, Блашко, кои оставија срцeнца во коментарите.

Инаку и Брена и Боба се на годишниот одмор со своите синови Стефан и Виктор, како и синот на Живојиновиќ, Филип и снаата, и нема сомнение дека малиот Александар им донесе посебна радост и уживање на одмор.