Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 35 лица

56

Бројот на загинатите во вчерашниот земјотрес во западна Турција се искачи на 35, соопшти министерот за здравство на републиката, Фахретин Коџа. Речиси 900 лица се повредени.

Имаме 35 мртви, 243 лица се лекуваат во болници, осуммина се на интензивна нега, тројца од нив се во сериозна здравствена состојба, изјави Коџа пред новинарите.

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе вчера западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир. Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.

Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.

Извор:МИА