Смешна понуда за Неимар

36

Француските медиуми открија дека за време на летниот преоден рок, раководните лица на каталонскиот гигант Барселона испратиле официјална понуда за бразилскиот интернационалец Неимар. Истите извори тврдат дека клубот од „Ноу Камп“ понуди само 80 мил. евра за обештетувањето на крилниот напаѓач и дека таквата понуда експресно била одбиена од челниците на ПСЖ. Пред четири години, Неимар ги напушти редовите на Барса откако ПСЖ ја активираше ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 222 мил. евра.