Смешна понуда за Кулибали

96

Италијанскиот калчолигаш Наполи експресно ја отфрли официјалната понуда на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед која беше наменета за сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали. „Црвените ѓаволи“ испратиле официјална понуда вредна 30 мил. евра, но истата експресно била одбиена од челниците на Наполи со образложение дека централниот дефанзивец вреди три пати повеќе и дека само за таква сума ќе седнат на преговарачката маса.