Смарт автомобилите ќе се произведуваат во Кина: Европа ќе остане без уште еден бренд?

100

Кинеската автомобилска компанија „Geely“ презела 50% од акциите на брендот Смарт од Даимлер. Заедно ќе произведуваат мали градски автомобили, кои во иднина ќе имаат исклучиво електричен погон.

Смарт автомобилите од 2022 година ќе се произведуваат во Кина, дали така Европа ќе остане без уште еден бренд?

Новите електрични модели ќе пристигаат од 2022 година па натака. Мерцеденс- Бенз ќе води сметка за дизајнот и стилот на идните модели а „Geely“ ќе го води секторот за инженеринг.

„Нема да има разлика во квалитетот, идеме на премиум бренд кој и по стандардот на пластиката и стандардот на електрокомпонентите ќе биде на светско ниво“, вели Ола Калениус од Даимлер.

Главната продажба се очекува во Кина, која инаку е најголемиот пазар за автомобили во светот.

„Имаме амбиции за производство од  100.000 до 350.000 мали градски автомобили. Годишно ќе биде голем профитот и за Мерцедес и за „Geely“, тврди Ли Шуфу од таа кинеска компанија“.

До лансирањето на новите модели во 2022 година, сегашните Смарт автомобили ќе продолжат да се произведуваат во погодините на Даимлер во Франција, Словенија, но само во верзии со електричен погон.