Словенија со нови закони се подготвува за вториот бран на коронавирусот

62

Словенечката Влада подготвува повеќе нови закони со цел државата да биде подготвена за вториот бран на коронавирусот кој се очекува наесен, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Меѓу другото со законите кои набрзо по итна постапка ќе влезат и во собраниска процедура се предвидува државата финансиски да ги помогне платата на работниците кои ќе мораат да бидат во карантин.

Дополнително ќе се воведе и задолжителна употребна мобилна апликација за сите оние кои се позитивни на вирусот, а целта да се следат контактите на тие лица за да се намалат шансите за ширење на коронавирусот. Апликацијата ќе мораат да ја имаат и оние кое се во самоизолација или карантин и на тој начин ќе се знае дали лицата ја прекршуваат оваа мерка.

Инаку, според денешните информации на Националниот институт за јавно здравје во Словенија се потврдени четири нови случаи на коронавирусот од направени 300 тестирања.