Словенија: Авион принудно слета на автопат

58

Авион принудно слета на автопатот кај Брежје, во правец кон Јесенице, во Словенија, јави N1.

Како што соопштија од Словенечката служба за безбедност и спасување, околу 14 часот и 30 минути добиле дојава дека авионот принудно слетал на автопатот. Според извештаите, авионот удрил во банкина при слетувањето и се превртел.

Во авионот имало две лица кои не се повредени и сами успеале да излезат.

Според информациите на N1, авионот имал проблеми со моторот.