Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш учесник на велосипедска тура низ Пијанечко-Малешевскиот крај

86

Во организација на планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” од Делчево реализирана велосипедска тура во должина од 72,6 километри на која учество зеде Амабасадорот на Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш. Целта на активноста како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак” е промоција на Пијанечката област, како и дел од општините Делчево, Пехчево и Берово.

-Денес, јас како лиценциран планинарски водич при ФПСМ и ПСК ,,Голак” Делчево, заедно со мојот пријател Амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш, кој беше наш гостин овој викенд, реализиравме една тура за планинарски велосипедизам (со претходна извадена дозвола за движење во шума од Национални Шуми – Голак Делчево). Турата се реализираше со следната маршута, Делчево – стар пат за село Разловци – Митрашинци – Будинарци – Мачево – Робово – Умлена –  Чифлик – Пехчево – Тработивиште – Делчево, реле Чучуковски.

Заедничката тура како што додаде е трета по ред и има за цел да се истражи и да се промовира Пијанечкиот регион и пошироко.

За претседателот на делчевскиот клуб нема поголемо задоволство од дружбата со словачкиот амбасадор кој според него е еден од најголемите вљубеници во нашите природни убавини.

-За самото тоа мислам дека придонесува патеката која е една од поинтересните, бидејки поминува низ шумски, рамничарски, речен, ридски дел и низ планински дел како и низ дел од населени места, од која дел и по асфалтен пат. Амбасадорот Маркуш еднаш ми спомна дека многу ретко се враќа на едно место двапати, но сепак во Делчево се враќа веќе неколку пати и кажа дека тука му е многу убаво и дека се чувствува пријатно, додаде Чучуковски.

Во периодот пред пандемијата Маркуш во неколку наврати го има посетено Пијанечко-Малешевскиот регион во кој досега има реализирано неколку планинарско-велосипедски тури.