Словачка да ги врати вакцините Спутник В, бара Рускиот фонд за директни инвестиции

135

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) денеска соопшти дека Словачка треба да ги врати дозите на Спутник В, кои ги добила од Русија поради кршење на договорот, откако словачката Агенција за лекови покрена прашања поврзани со вакцините.

РДИФ, кој е одговорен за пласман на вакцината во странство, на официјалната страница на Твитер објави дека испратил писмо со барање за враќање на вакцините.

Фондот, исто така, побара вакцините да бидат испратени во специјално овластена лабораторија за натамошно тестирање, откако словачката Агенција за лекови претходно објави дека вакцините кои ги добила се разликуваат од проверените од Европската агенција за лекови (ЕМА) и медицинското списание „Лансет“.