Словачката полиција до жените: Не испраќајте мешани сигнали и не провоцирајте непотребно

53

Полицијата на Словачка во препораките за спречување на силување наведува дека жената треба да избегнува мрачни места по заоѓањето на сонцето, како и забави со алкохол и наркотици, кои можат да „предизвикаат насилно однесување“.

Жените исто така не треба да испраќаат мешани сексуални сигнали и непотребно да провоцираат, се наведува во препораките објавени на официјалната интернет-страница на словачката полиција.

На прашањето на словачкиот портал Еурактив што се подразбира под „измешани сексуални сигнали“, портпаролот на полицијата истакна дека тоа може да се сфати како „однесување на потенцијална жртва, кое потенцијалниот сторител може да го објасни на различни начини, како флертување, насмевка, намигнување и така натаму“.

– Советите дадени од полицијата на нејзината веб-страница функционираат според стереотипното мислење дека силувањето го извршил непознат сторител скриен во грмушка, наведе Јохана Неједлова од чешката невладина организација „Согласност“.

Зузана Оченашова од Координативниот методолошки центар за превенција на насилството врз жените посочи дека жените во најголем број случаи трпат насилство од нивните партнери или луѓе што ги познаваат.

Истражувањето на Центарот покажува дека само во 12 проценти од случаите жените не го познавале сторителот. Секоја петта испитаничка посочила дека не пријавила насилство поради недоверба во полицијата, што е највисок процент во Европска Унија.