Шпекулација или….? Слободан Боба Живојиновиќ осомничен дека двапати ја “продал“ својата скапоцена јахта „Першинг 54“ ???

2199

Една топла, летна ноќ, луѓето уживале на јахтата кога дошле другите сопственици, кои, на културен начин, им кажале дека мора да го напуштат скапоцениот пловен објект, бидејќи ним им припаѓа. Со себе ја носеле целокупната документација со која им ја докажале сопственоста. Не сакале да си заминат додека не си заминале другите. За жал, морала да интервенира полицијата

Според пишувањето на Српската Република.рс против Слободан Боба Живојиновиќ, сопругот на мегапопуларната пејачка Лепа Брена (Фахрета Јелена Живојиновиќ) и поранешен Jу-тенисер, поднесена е кривична пријава поради основано сомнение дека два пати го продал својот пловен објект „Першинг 54“, јахта произведена во 1999 година.

Поупатените се во шок поради овој случај. Не може да си дојдат на себе. Не им е јасно како еден толку богат човек, кој не знае што сè не поседува, од голема парична заштеда до куќи на Флорида и во Монако, наводно се занимава со таквите работи. Сепак….Деловната компанија „Харвинтер доо. Београд“, со седиште во Белград, го доставила извештајот и до Третото основно јавно обвинителство во Белград, дознава Република.рс.

“Измамата“ станала сосема јасна кога луѓето што ја купиле јахтата од Боба, се нашле лице в лице.

– Луѓето уживале една топла, летна ноќ на јахтата, кога дошле другите сопственици, кои на културен начин, им кажале дека мора да го напуштат скапоцениот пловен објект, бидејќи ним им припаѓа. Со себе ја носеле целокупната документација, со која им ја докажале сопственоста. Не сакале да си заминат сè додека не си заминале другите. За жал, морала да интервенира полицијата. Биле викнати и надлежните од марината „Портоново“, каде што била „паркирана“ сега веќе поранешната јахта на Живојиновиќ и Лепа Брена.

Секој коментар е отповеќе. Најдобро би било кога би ја кажал Боба својата вистина. Доколку е валкана лага или грозна местенка од неговата конкуренција во бизнисот, се знае што треба Боба да направи во тој случај.                                                              Како и да е, медиумите ќе бидат стрпливи за да пренесат за понатамошната ситуација, која станува мошне интересна и за голем број обожаватели на Лепа Брена, од Вардар до Триглав.  (фото:архива)