Слатки вести: Антониа Гиговска чека бебе со синот на пејачот Боби Спасенцовски

4071

Поп-пејачката Антониа Гиговска е бремена! Оваа вест со молскавична брзина проструи на македонската естрада, а и помеѓу нејзините обожаватели. Откако раскина со Иван од „Либеро бенд“, што беше разочарување за многумина, сега нејзината бременост ја врати надежта дека работите кај неа ќе си дојдат на своето. Популарната пејачка почнува нов живот со иден сопруг и со бебе, кое треба да го донесе на свет за неколку месеци. А, идниот среќен татко е, всушност, син на пејачот Боби Спасенцовски. Атрактивно и тој изгледа, а и има одлични тетоважи.

Свекорот, а и дедо, Боби е навистина среќен, пресреќен. Вели дека наместо снаа, добил ќерка, која веднаш многу ја засакал.

И свекор и дедо Боби

Но, за жал, има и такви што по социјалните мрежи ѝ праќаат на Антониа отровни коментари, од злоба и завист. Во одбрана на пејачката, без пардон, застана нејзината најверна другарка, водителката Миа Костова.

– Вистинско чудо е како се трпите самите така гнасни и несреќни – отворено им порача Миа на злобните. (Д.М.)