Славско предјадење: Солени „руски капи“

79
Фото: screenshot Youtube

За колачи „руски капи“, веројатно сте слушнале, а многумина од вас и пробале. Пробајте да подготвите една поинаква варијанта на „руските капи“, овојпат солени. Пробајте да ги изненанадите домашните со ова вкусно предјадење, нема да згрешите. Вкусот ќе ве воодушеви!

Потребни состојки: 

  • 4 јајца
  • 12 лажици брашно
  • 1 павлака
  • 1 поголем морков
  • 2 лажички сол
  • 1 прашок за пециво
  • 80 мл масло за јадење

За фил:

  • 200 гр рендана шунка
  • 1 павлака
  • 150 гр фета сирење
  • 150 гр рендан кашкавал
  • намаз по избор

Подготовка на тестото:

Јајцата ги матиме, а потоа додаваме масло за јадење и продолжуваме со матењето. Потоа додаваме рендан морков, сол и една павлака. Сето тоа го мешаме, па додавеме брашно и прашок за пециво. Смесата ја ставаме во правоаголна тава и печеме на хартија на 180 степени околу 30 минути.

Подготовка на филот:

Мешаме фил од рендана шунка, павлака, фета сирење и кашкавал.

Печената кора се сече со чаша, на кругови. Остатокот од тестото се крши во филот. Круговите од тестото ги филуваме со подготвената смеса и ги поклопуваме со тесто. Со намазот по избор, на пример мајонез, млечен намаз, кајмак и сл. ги премачкуваме руските капи, и после тоа ги валкаме во рендан кашкавал. Декорацијата е по желба, а можете да ги посипете со печен сусам. Се служат оладени.

Уживајте во вкусот!