Славниот рецепт за шкотски палачинки на кралицата Елизабета

138

Малкумина знаат детали од приватниот живот на британската кралица Елизабета Втора, особено за нејзиниот личен вкус, како и за нејзините афинитети кои готвењето, всушност за тоа колку е таа вешта во кујната и за омилените вкусови кои што еднакво вешто знае и да ги приготвува.

Британската кралица Елизабета Втора, која ретко се обраќа на нацијата, (последен пат тоа го стори во 2012 година, кога обележа 60 години власт, а десет години претходно во 2002 година, се обрати по повод смртта на нејзината мајка, имаше вонредно обраќање Кралицата имаше и на почетокот на Заливската војна во 1991 година, како и по смртта на принцезата Дајана во 1997 година), деновиве, во екот на пандемијата со вирусот корона,повторно беше во центарот на јавноста кога вонредно се обрати до нацијата.

Од друга страна, со оглед на тоа што таа ретко открива детали и занимливости за сопствениот приватен живот, малкумина знаат дека таа е голем гурман, ама и и врвна готвачка.

Таа многу сака палачинки, особено шкотски палачинки, а нејзините слатки го освоиле своевремено и некогашниот американски претседател Двајт Д. Ајзенхауер.

Имено, кога во далечната 1960 година, Ајзенхауер и неговата сопруга Мами престојувале на имотот на кралицата Балморал во Шкотска, таа им приготвила шкотски палачинки. Претседателот на САД бил толку одушевен што Елизабета одлучила да му го открие својот рецепт, ама заборавила на тоа за време на престојот. Затоа, брзо по престојот, им испратила писмо во кое се извинува и им го испратила рецептот со дополнителни упатства за приготвување.

„Драг господине претседател! Ја видов вашата фотографија во денешните весници, како стоите пред скара и тоа ме потсети дека никогаш не ви го испратив рецептот за шкотски палачинки што ви го ветив во Балморал. Се надевам дека ќе ви излезат убаво, напишала Елизабета и додала: Иако количините се за 16 луѓе, ако ги приготвувам за помалку, обично ставам помалку брашно и млеко, а останатите состојки ги користам во напишаните количини. Исто така се обидов да користам и сируп наместо обичен шеќер, и тоа е многу вкусно. Мислам дека смесата не треба да стои долго пред печењето, напишала Елизабета.

Рецептот за шкотски палачинки на кралицата Елизабета Втора оди  вака –

Потребно е:

  • 2 шолји брашно
  • 4 супени лажици шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 2 јајца
  • 2 чајни лажички сода бикарбона
  • 3чајни лажички лимонов сок
  • 2 чајни лажички растопен путер

Приговување:

Разматете ги јајцата, шеќерот и половина количество од млекото.

Додадете го брашното и убаво измешајте, па додадете млеко по потреба за да ја добиете соодветната густина на смесата.

Додадете и сода бикарбона, лимонов сок и путер.

Печете ги палачинките една по една и превртувајте ги кога ќе се појават балончиња на површината.