Славниот Пласидо Доминго обвинет за сексуално вознемирување?!

65

Повеќе жени го обвинија славниот оперски пејач Пласидо Доминго дека се обидувал да ги присили во сексуални односи, нудејќи им улоги.

Исто така, некои жени изјавиле дека се чувствувале непријатно од несоодветните коментари на Доминго, а десетици луѓе поврзани со операта велат дека биле сведоци на несоодветното однесување на познатиот пејач кон помладите жени.

Доминго ги нарече обвинувањата „длабоко вознемирувачки и неточни“.

„Верувам дека сите мои разговори и врски беа добредојдени и меѓусебно прифатени“, изјави тој.

Седум од деветте жени што ги изнесоа овие обвиненија изјавија дека сметаат дека отфрлањето на понудите на Доминго имаа негативно влијание врз нивните кариери и дека тие никогаш не ги добија улогите што им ги вети.