Славната 9-ка ќе ја добие некој друг напаѓач

1104
epa10165220 Juventus' Dusan Vlahovic reacts during the UEFA Champions League first leg group H soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Juventus FC in Paris, France, 06 September 2022. EPA-EFE/Mohammed Badra

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, во јануари 2022 година е платен дури 84 мил. евра. Сепак, иако одигра неколку добри партии во дресот на Јувентус, овој фудбалер не ја оправда вложената парична сума и се почесто се споменува дека може да го напушти клубот.

Во текот на изминатите неколку месеци, гласините стивнаа и главно се зборуваше можните преговори кои треба да резултираат со нов договор.

Сепак, договорот на Влаховиќ, кој трае до летото 2026 година, најверојатно нема да биде продолжен, а веќе следното лето Душан би можел да ја препушти „деветката“ на „старата дама“ на некој друг.

Италијанските медиуми тврдат дека Јуве ќе се обиде да донесе големо име на напаѓачката позиција и дека тоа може да биде трансфер еднаков на доведувањето на Кристијано Роналдо.

„Јувентус е подготвен да инвестира во „деветката“ следното лето. Целта е тој да биде засилување како што беше Кристијано Роналдо“, тврди Ник Семераро.

Не е познато кое би можело да биде големото име што „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат во Торино. Изборот на вистинско засилувања за бројот 9 не е толку голем и ќе видиме кој ќе биде изборот на Тиаго Мота.

Српскиот фудбалер од доаѓањето во Јувентус одигра вкупно 106 натпревари и има учинок од 43 гола и 10 асистенции. За многумина ова е скромно со оглед на цената што е платена.

Во претходните месеци се поврзуваше со Арсенал, Челзи, ПСЖ, па дури и со Реал (М), но на крајот не се реализираше ниту еден трансфер.

Оваа сезона Душан одигра пет натпревари и постигна четири гола. Очекувањата се навистина големи и Влаховиќ не смее да дозволи уште една просечна сезона.