Славната Шер не може да го задржи својот гнев поради забраната на абортус

81

– Кога бев млада, имав три спонтани абортуси. Првиот кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сопругот Сони дојде дома, а јас од болките се виткав на подот, го опишала Шер својот прв спонтан абортус. Музичката легенда Шер со дури три абортуси држи своевиден рекорд. Лекарите ја праќале на операција, ама таа не одела. Оваа приказна од животот на Шер се вклопува со одлуката на Врховниот суд на САД со која се ограничува правото на жените на абортус.

Откако Врховниот суд го укина правото на абортус на 25 јуни оваа година, славната Шер јавно и жестоко порача дека „не може да го задржи својот гнев“!

„Направив цел филм за абортусот. Го проучував ова прашање, разговарав со семејствата, со лекари и медицински сестри, како и со претепани жени“, вели Шер, додавајќи дека абортусот не е никакво убиство, туку спас за здравјето на жената. – Детето не  се убива со абортусот, бидејќи тој плод се уште не е формиран во човечкото суштество и нема врска со бебето. Тоа е само некое туѓо парче месо кое треба да се одтсрани доколку жената донесе одлука да не роди…..