Скубе не му е по мерак на Вујовиќ

64

Селекторот на  словенечката ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ, со едно големо изненадување го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на претстојната ЕХФ недела.

Словенија ќе тестира против Холандија и Србија, а легендарниот стратег за овие натпревари повика 21 ракометар, но не и првиот организатор на играта на европскиот шампион Вардар, Сташ Скубе. Вујовиќ имаше и образложение за ваквиот потег.

-Сите знаеме дека е одличен ракометар, знае да ја организира играта, но не трпи конкуренција. Во клубовите во кои играл секогаш беше алфа и омега, но во селекцијата на таа позиција имам многу ракометари и конкуренцијата е огромна. Да бидам искрен не го планирам за Европското првенство, па затоа не сакав да го повикам ниту на овој собир, откри Вујовиќ.