Скривницата пренаменета во уметничка галерија

19

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“.

Како што информираат од Општина Струмица, пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.

-Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 квадратни метри, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли. Освен тоа, просторот ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.

Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, но таа се уште е во тек и се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.