Скопје се разубавува со зимзелени садници

131

Средишниот појас на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од зградата на канцеларијата на Европската Унија до крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од денеска е разубавен со нови зимзелени садници. Станува збор за чемреси кои се едно од најубавите зимзелени дрвја.

Исто вакви садници пред неколку дена беа засадени и во на територијата на општината Чаир. Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Адријан Муча вели дека во моментов екипи на претпријатието работат на осум локации во градот.

Чемпресот има неколку одлични особини. Доста е издржлив на суша. Брзо расте и до четири пати побрзо од црниот бор, па затоа сушните предели на Повардарието се пошумени токму со ова зимзелено дрво. Ова дрво често се спомнува во Светото Писмо и е симбол за убавина и благослов. Ван Гог има една позната слика од 1890 година во која еден чемпрес е центарот на вниманието.

Фото: Н. Батев