Скопје пулсира во ритамот на Бела ноќ/ФОТО ГАЛЕРИЈА

370

Традиционалната културната манифестација Бела ноќ, вечерва се одржува на десетина локации во Скопје.

Централниот настан „Скопските евергрини“ се одржува на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски. Најпознатите скопските хитови ги изведуваат најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

ФОТО: П.Стојановски

Во рамките на Бела ноќ вечерва во МКЦ со изложбата насловена „П0вт0рн0 на 0“ се претстави афирмираната алпинистка и уметница Илина Арсова, а ја промовираше и книгата „Планинарење“„