Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград, покажуваат податоците на онлајн-базата „Нумбео“ за индексот на трошоците на животот што го објавува на секои шест месеци. Женева е најскапиот град за живеење,а на второ место е уште еден швајцарски град Цирих.
Њујорк е трет на листата најскапи градови. Рејкјавик, главниот град на Исланд, е на шестото место, додека остатокот од рангирањето до 10 се американските градови Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго. На листата топ 10 најскапи градови се наоѓаат дури седум големи градови во Соединетите Американски Држави.
Најевтини за живеење се пакистанските градови Карачи и Лахоре и индискиот град Калкута.
На листата на која се рангирани 218 градови, Скопје се наоѓа на 160. место според трошоците за живот. Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина (195. место) и Ниш (165 место). Нашиот главен град е поевтин од Тирана (114. место) и од Белград (127. место), како и од Софија 132., Подгорица 143., Aнкара 145., Сараево 148. место.
Трошоците на живот се повисоки во земјите членки на ЕУ кои се во наша близина. Така, Aтина е на 91. место на листата на најскапи градови, Љубљана 96. и Загреб 107.
Интересен податок е и дека според листата, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија, кој се наоѓа на 162. место, отколку во Скопје.
На изненадување на многумина, Лондон не се ни влегува во листата на првите 10 најскапи градови. Тој се наоѓа на 13. позиција.
При составувањето на листата најскапи градови во светот, компанијата за податоци зема предвид фактори како што се трошоците за намирници, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.
Првите 10 најскапи градови за првото полугодие на 2024 година се Женева, Цирих, Њујорк, Сан Франциско, Бостон, Рејкјавик, Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго.ч
На другиот крај на листата, онаму каде што се наведени градовите со најниски цени, доминираат повеќемилионските пакистански и индиски градови. Најевтин е пакистанскиот град Карачи, а веднаш по него е Лахоре. На дното на листата се и Колката и Џајпур од Индија, египетскиот главен град Каиро, како и либиската престолнина Триполи.