Скопје напролет ќе добие велодром

132

Скопје напролет ќе добие рекреативен адреналински велосипедски парк или велодром. Одлуката за градба ја поддржаа советниците на Град Скопје на вчерашната седница.

Веледромот ќе се гради во Градскиот парк, во близина на Сточарскиот институт или зад јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Проектот ќе биде помогнат со донација од Стопанска банка АД Скопје во вредност од 1,5 милиони денари.

Во 2018 година биле планирани за реализација на проектот 1,5 милиони денари, но по проектирањето се оценило дека ќе бидат потребни вкупно три милиони денари. Проектот го финансира банката, а обврската на Град Скопје е да го расчисти просторот, нема да има сеча на дрвја, ќе го реконструира паркингот, ќе го осветли и заштити.

Градските власти информираат дека на скопјани со ова ќе им се даде уште една можност да го користат, како што велат, позапуштен дел од Градскиот парк. Освен рекреативен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет…