Скопје има квалитетна и безбедна вода за пиење

55

Скопје има квалитетна и безбедна вода за пиење. Тоа го потврдуваат последните анализи и испитувања на земените примероци вода спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.02.2021 до 19.02.2021 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.