Скопјанка паднала во автобус на ЈСП, пренесена во болница со тешки повреди

239

Жена од Скопје на 45-годишна возраст е тешко повредена откако паднала во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие.

„На 23.01.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов”, Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди“, информираат од МВР.

Жената била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.