Скопјанка го пријавила поранешниот сопруг, се соблекувал пред малолетните деца

190

Четириесет и двегодишна скопјанка во полициска станица Чаир, пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, пред околу три месеци, недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца, додека биле на викенд посета кај него во скопската населба Аеродром.

За случајот е известен Центарот за социјални работи. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.