Скопјани имаат квалитетна и безбедна вода

133

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го покажаа и овој пат резултатите од анализите и испитувањата на примероците од вода спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.11.2020 до 27.11.2020  зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје.

.