Скопски автомобил заврши во море во Неа Каликратија, нема повредени/ФОТО

1091

Автомобил со скопски регистарски таблички паднал во море во близина на Неа Каликратија во Грција. Веста со фотографии од превртениот автомобил беа споделени на социјалните мрежи. Среќа во несреќата е што автомобилот бил празен и во несреќата нема повредени.

„Денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, стои во инфирмацијата споделена на групата Grcka info.