Скопскиот Кеј затворен – дозволено присуство само за навивачи на Англија/ФОТО

103
Фото: П. Стојановски

Кејот на Вардар во Скопје е затворен за минувачи и полиција го обезбедува просторот од Мостот Око до хотелот „Холидеј Ин“. Дозволено е присуство само за навивачите на Англија, кои неофицијално би требало да ги има околу 2.000.

Ова доаѓа во пресрет на вечерашниот квалоификациски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Англија кој се игра на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје со почеток во 21 часот.