Скопскиот „Водовод“ ќе ја интензивира соработката со „Водовод – Будимпешта“

31

Интензивирањето на соработката меѓу ЈП „Водовод и канализација“ и Градскиот водовод на Будимпешта во насока на подобрување на водоводниот систем во Скопје беше тема на разговор на денешната средба меѓу првиот човек на скопскиот водовод Душко Весковски и директорот за меѓународна соработка и развој на градскиот водовод на Будимпешта Тамаш Бенце.

Основна дејност на Водовод – Будимпешта, кој постои 150 години, е дистрибуција на вода за
пиење и третирање на отпадните води и пречистителни станици.