Сколс го избра најпаметниот играч на денешницата

1634
epa10577482 Real Madrid's Mariano Diaz (L) joins the players take part in a training session at Stamford Bridge in London, Britain, 17 April 2023. Real Madrid will face Chelsea in their UEFA Champions League quarterfinals second leg soccer match on 18 April 2023. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња и токму поради оваа причина неговиот збор има тежина. Англичанецот пред полуфиналето помеѓу Реал (М) и Баерн (М) го избра најпаметниот играч на денешницата и неговиот избор не е изненадување.

Изборот падна на одличниот Тони Крос, кој со години успешно го носи дресот на „кралскиот клуб“. Англискиот ас во неколку реченици го опиша германскиот интернационалец и по што се разликува од останатите играчи.

“Тони Крос е неверојатен. Го гледав натпреварот на ПСЖ против Борусија Дортмунд. Ним им требаше Тони Крос. Тој ја контролира и диктира целата игра. Тој ги има сите способности. Тој е клучот вечерва”, изјави Сколс пред натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Крос е тој што ја прави разликата. На Тухел му треба нешто за да се обиде да го ограничи Крос на кој било начин. Затоа што тој диктира сè. Крос е најпаметниот играч за врска во светот“, заклучи Сколс.

Може да се каже дека Баерн (М) некако успеа да го запре Крос во реваншот, откако германскиот играч за врска не беше влијателен како во Минхен, но сепак Баварците беа елиминирани.