Скаутот на Барса се погоди кога е во прашање Марадона

200

Цезар Луис Меноти, легендарниот селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, и помогна на Барселона, чии челници во тоа време сакаа да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Бока Јуниорс, Диего Армандо Марадона. Пред неколку дена, странските агенции и медиуми го објавија извештајот кој Меноти им го има испратено на раководните лица на каталонскиот гигант во 1978 година, откако во живо го следел дуелот помеѓу екипите на Бока Јуниорс и Аргентинос Јуниорс. Марадона во тоа време имал 17 години, а извештајот бил поделен на неколку дела.

ИЗВЕШТАЈ: Диего Армандо Марадона

ОЦЕНКА: Многу добар, фантастичен. Брзина 9.5. Забрзување 9.5. Со топка 9.1. Без топка 9.5. Агилност 9.5. Скок 8.

ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТ: Ментална сила 10. Отпорност на прекршоци 10. Концентрација 10. Себичност 0. Карактер 10.

ОПШТА ТЕХНИКА: Непобедлив.

ПРЕЦИЗНА ТЕХНИКА: Фантастичен, застрашувачки ефикасен дриблер. Силен. Храбар. Одличен шут. Одличен додавач. Максимално прецизен. Беспрекорна визија. Просечна игра со глава. Добар лидер. Знае да ја зачува топката.

ИНДИВИДУАЛНА ТАКТИКА: Комплетна фудбалска интелегенција. Комплетно чувство за фудбал.

ОПШТ ЗАКЛУЧОК: Млад. Роден 30.10.1960. Поседува неверојатна техника и дриблинг на највисоко можно ниво. Секогаш е фокусиран на противничкиот гол, но знае кога треба да се ослободи од топката и да го проигра соиграчот. Фантастични рефлекси. Неговите кратки додавања и шутот се вистинско чудо.

Четри години подоцна, после овој извештај, Барселона ги осигура услугите на Диего Армандо Марадона, а Аргентинецот за каталонскиот гигант постигна 22 погодоци на 36 натпревари.