Скарлет Јохансон свршена по третпат

86

По двегодишна врска, глумицата и филмска пејачка Скарлет Јохансон се сврши за своето момче, сценаристот Колин Џост, соопшти нејзниот публицист Марсел Парисо.
Датумот на свадбата сé уште не е утврден. За 36-годишниот сценарист, ова ќе биде прв брак, а за Скарлет – трети. Претходно таа беше мажена за Рајан Рејнолдс и Роман Доријак.
Од вториот брак со Доријак, таа ја има и четиригодишната ќерка Роуз.
Актерката е актуелна со филмовите „Одмаздници: Завршница“ и „Капетанката Марвел“, а следен филм каде што ќе може да ја видиме е воената комедија „Зајакот Џоџо“.